Ќе има ли нов бран поскапувања  на прехранбените производи. Министерот за финансии Фатмир Бесими  уверува – лебот не смее да поскапи. Оваа констатација на Бесими е поткрепена со фактот дека цената на пченицата годинава не е поскапа од лани, а ниту трошоците за електрична енергија на пекарниците не се поголеми од ланските кога беснееше енергетската криза.

Во меѓувреме поради руско-украинските односи пченицата на светските берзи благо се зголеми но тоа засега не влијае на цената на лебот во Македонија.

Од пекарско-мелничарската индустрија најавија дека последниот збор околу цената на лебот ќе го дадат во септември.