Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.514 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 91, Куманово – 14, Кавадарци – 7, Струга – 4, Прилеп – 3, Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица од кои по две од Скопје (67г и 79г), Крива Паланка (67г и 76г) и Куманово (73г и 74г) и по едно починато лице од Македонска Каменица (82г) ,Охрид (80г) ,Прилеп (74г) ,Пробиштип (64г) и Штип (70г). Од пријавени лица сите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство

Регистрирани сe 330 оздравени пациенти од: Скопје – 116, Куманово – 28, Велес – 23, Прилеп – 15, Крива Паланка, Штип и Кочани – по 14, Кавадарци и Битола – по 9, Свети Николе, Гевгелија и Кратово – по 6, Кичево и Ресен – по 4, Пробиштип – 3, Виница, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Радовиш и Крушево – по 1.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, нема пријавени починати лица.

Направени се 1.514 тестови преку: ИЈЗ-52, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0,
ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Авицена-91, Биотек-87, Систина-53, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-228, ВФВ Медикал-16, Ели Медика-19, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 913.

Досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на Ковид-19.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а на активни случаи изнесува 6.187.