Во последните 24 часа се направени 3.667 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 8, Тетово – 5, Куманово – 2, Гостивар, Кочани, Гевгелија и Дебар – по 1.
Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје – 4.
Не се регистрирани починати пациенти.
Направени се 3.667 тестови преку: ИЈЗ-93, ЦЈЗ Скопје-27, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–17, ЦЈЗ Куманово–29, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–10, Жан Митрев (Филип Втори)-89, Авицена-189, Биотек-153, Систина-103, лабораторија Лаор-196, Синлаб-38, Ремедика-11, Плодност–40, Генеа–8, Никоб лаб-730, ВФВ Медикал-13,Ели Медика-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.804.
Досега во земјата се направени вкупно 927.182 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.901, бројката на оздравени пациенти е 150.168, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 246.