Светската банка објави дека исплатила дополнителни 500 милиони долари за да и помогне на Украина да ги исполни итните потреби за трошоци предизвикани од тековната војна.
Се вели дека финансирањето од Меѓународната банка за обнова и развој е поддржано со гаранција за заем од 500 милиони долари од Велика Британија објавена на 30 септември, објави Ројтерс.
-Руската инвазија продолжува да предизвикува масовно уништување на инфраструктурата на Украина – вклучително и водоводната, канализационата и електричната мрежа – токму кога се приближува зимата, дополнително загрозувајќи го украинскиот народ, рече претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас.
Според информациите, новиот дел од средствата што беа исплатени денеска ќе се користat за одржување на државните служби.
-Ние цврсто го поддржуваме украинскиот народ додека се соочува со оваа криза без преседан, се вели во соопштението.
Светската банка мобилизираше вкупно 13 милијарди долари вонредно финансирање за Украина, од кои 11,4 милијарди долари се целосно исплатени.