Нови апсења денеска во Кочани. Поврзани со пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 лица, а близу 200 беа повредени.

Според неофицијални информации, приведени се 13 лица, а меѓу нив се најдоа и началници и полициски службеници кои вечерта кога се случи трагедијата биле на работа.

Александар Нацев во 30-дневен притвор: Сомнежи за тајно раководење со „Рубикон“ и повреди на безбедносните протоколи

Меѓу приведените е и началник на крим полиција, сменоводител, началник на ОВР Кочани, началник на економски криминал при ПС Кочани и полицаец кој ноќта бил дежурен.

Повеќе информации се најавуваат во текот на утрешниот ден.

Извор: Курир