Се проширува истрагата – нови апсења за пожарот во Кочани. Според најновите информации на порталот Курир опфатени се актуелен министер, директор и поранешни функционери и министри.
ОЈО ја проширува истрагата за Кочани, велат нивните извори. По наредба на надлежен обвинител БЈБ на МВР ги обезбедува за истрагата актуелниот министер без ресор и поренешен директор на ДЗС Шабан Салиу и актуелниот директор на ДЗС Џеват Селами.
Опфатени во истрагата се и поранешните министри за економија уште од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ Беким Незири, Дритон Кучи и Ваљон Сарачини, поранешниот директор на ДЗС Аднан Џаферовски, поранешниот директор на пазарен инспекторат Виктор Дерменџиев. Опфатени се и повеќе поранешни функционери.
Извор: Курир