Сите единици на српската армија и МВР се во состојба на целосна борбена готовност поради кризата на Косово и намерата на Приштина насилно да ги отстрани барикадите на север.
Тензиите кои траат со месеци на Косово ескалираа во последните две недели откако косовската полиција до неодамна уапси полицаец, осомничен за кршење на уставниот поредок, на што локалните Срби возвратија со поставување барикади, барајќи неговото ослободување.
Група од околу 50 лица синоќа го блокираа граничниот премин Мердаре на Косово, од правец на Куршумлија кон Подуево.
Како што јави РТС, поставиле камион со приколка и трактори. Најавија дека ќе останат до понатамошно известување.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера ги посети единиците на српската армија меѓу Краљево и Рашка.
„Голема благодарност до сите војници, полицајци и припадници на БИА (Агенција за безбедност и информации) за нивната храброст и посветеност во зачувувањето на виталните интереси на нашата земја и опстанокот на српскиот народ на Косово и Метохија“, рече Вучиќ.
Барикадите на северот на Косово траат веќе 19 дена, и покрај повиците на САД, Велика Британија и Германија до локалните Срби да ги отстранат, како и шатл дипломатијата од САД и ЕУ кои повикуваат на деескалација и се обидуваат да донесат двете страни на преговарачка маса.
Дополнителни тензии поттикнаа и најавите од Приштина дека косовската влада има оперативен план за отстранување на барикадите, а тоа се очекувало од мировната мисија (КФОР) чии сили досега не го направиле.