Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по отстранувањето на барикадите на северот на Косово поставени од српска страна.

Шефот на албанската Влада на Твитер поставувањето барикадите го опиша како „шоу“ што траело подолго, но имало ист крај како и другите.

-Ништо ново, шоуто траеше малку подолго, тензијата се крена малку погоре, зборовите се разменија со малку повеќе оган, воените маневри имаа малку повеќе талент, но крајот беше ист и сите се вратија дома, секој со сопствената победа, како и секогаш. Ах да, се случи нешто нечуено! Излезе новото значење на барикадата, која по 434 години влезе во листата на средства за мирни протести со благослов на ЕУ и САД! Се надеваме дека нашите стратешки сојузници не се согласуваат по оваа точка. Апсолутно, напиша Рама на Твитер.

Според него прашањето останало исто како и пред „овие мирни барикади и непријателски изјави“.

-И до кога различните одговори почнуваат на ист начин како во минатото, прашањето ќе остане таму и по следната претстава, кога барикадите мирно ќе ја разбијат монотонијата без решение, заклучува Рама. (МИА)