Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денари на 67 денари за лита.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС -98 останува 69 денари, а на дизелот 58,5 денари за литар.
Намалување има и кај малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,400 и таа ќе изнесува 34,592 денари за килограм.
Цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) останува на 58 денари за литар.