Газдата на Нептун и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику, во своето сведочење во полиција изјавил дека на 15-ти декември го одвезол поранешниот вицепремиер Артан Груби до Тирана.

„Сопственик на Нептун и косопственик на Ист Гејт“: Кој е Арсим Папранику, човекот кој го „спаси“ Груби?

Според исказот на Папранику, двајцата пиеле кафе, по што Груби бил оставен во хотел близу стадионот во Тирана, пренесува „Фокус“ повикувајќи се на полициски извори.

Како што претходно беше објавено, постојат неофицијални информации дека Груби моментално престојува покрај Јадранско Море, во близина на албанскиот град Драч. Поточната локација, според изворите на Фокус, е местото Хамалај.

Случајот добива сè поголемо внимание поради неговата политичка и правна тежина, а полицијата продолжува со потрагата и истрагата за локацијата на осомничениот.

Во текот на вчерашниот ден нашата редакција објави и сатирична вест за бегството на Груби.

(ЕКСЛУЗИВНО) АРТАН ГРУБИ ВО ОБЛАСТА КУРСК: Бегалецот служи во редовите на Руската армија со севернокорејските трупи! (САТИРА)