Ова се првичните сознанија за денешната трагедија во Гостивар што ги сподели со САКАМДАКАЖАМ.МК директорката на Центарот за социјални работи (ЦСР) на Гостивар Магдалена Савеска околу мајката со четири дечиња во чиј стан, најверојатно под кирија, изгоре едно од четирите деца, додека било врзано со синџир, зашто било насилно.
-Никакви социјални права, детски додаток, детска заштита или кое било друго право или услуга не користела мајката некогаш од државата, вели Савеска.
Според неа, важно е што по пожарот во кој изгоре станот во кој биле сместени мајката и трите мали деца, тие се сместени во Интернатот во градот, обезбедена им е и храна и тим од психолози и социјални работници кој работи со нив по тешката траума и загуба на член од семејството. На Центарот за социјални работи на Гостивар му помогнала Општината.
– Останатиот дел, односно правниот аспект – зошто 7-годишното дете било врзувано, кој го врзал и така натаму, е работа на Обвинителот. Најважно за нас е што трауматизираното семејство е безбедно сместено и што им се пружени сите неопходни услови и намирници. Но ова никако не е трајно решение за децата, туку привремено, вели директорката на ЦСР Гостивар.
Целата вест прочитајте ја на САКАМ ДА КАЖАМ