Амир Шабани го именува за директор на Фондот за осигурување на депозити, а Дритан Имери за заменик директор на Државниот испитен центар.
Ана Петровска ја разреши од должноста в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина, а на нејзино место е назначен Сретен Стојковски.
Костадин Ацевски е разрешен од функцијата директор на Управата за хидрометеоролошки работи, на негово барање. За в.д. директор е именуван Агим Муртезани.
На седницата е донесена и одлука за членови на бордот на директори на Тутунски комбинат Прилеп Владата да ги предложи Никола Џамбазовски (независен неизвршен член), Миле Велкоски (независен неизвршен член), Кире Станкоски (извршен член), Татјана Стефаноска (извршен член), Ристе Ташев (извршен член).