Одлука на земјите-членки на ЕУ
Земјите-членки на Европската Унија постигнаа договор за проширување на санкциите против Иран, при што со новите мерки ќе бидат опфатени и лицата одговорни за блокадата на Ормускиот теснец.
Одлуката ја соопшти високата претставничка за надворешна политика Каја Калас, посочувајќи дека станува збор за заеднички став на земјите-членки.
Состанокот во Луксембург и безбедносната мисија
Калас нагласи дека на состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург побарала зајакнување на мисијата на ЕУ на Блиски Исток.
Таа посочи дека мисијата во моментот има задача да ги штити бродовите од нападите на јеменските Хути во Црвено Море.