-За многумина, ова ќе изгледа како заклучување, ако не на самото општество, тогаш на нивните животи и средства за живот, рече премиерот Јонас Гар Стоере на прес-конференција.
-Ситуацијата е сериозна. Инфекцијата се шири пребрзо и мора да преземеме мерки за да го ограничиме понатамошниот развој. Омикрон ги смени правилата, рече премиерот.
Во Норвешка се поставени рекорди и за бројот на нови инфекции со Ковид-19 и за бројот на хоспитализирани, делумно поради ширењето на новиот сој омикрон.
-Ако не дејствуваме сега, може да има негативни последици за општеството, не само за здравствените услуги и локалните заедници, предупредија властите.
-Доколку не воведеме ефективни мерки, ризикуваме да имаме меѓу 90.000 и 300.000 нови случаи на Ковид-19 на ден од јануари, велат тие.
На 7 декември норвешките власти воведоа ограничување на бројот на посетители дозволени во приватни домови и го скратија времето во кое баровите и рестораните можат да служат алкохол.
-Оваа ситуација нè загрижува повеќе од порано. Мислиме дека омикрон ќе стане доминантен во наредните денови. Треба брзо да воведеме дополнителни ограничувања, рече Лајн Волд, шеф на Одделот за контрола на инфекции.
Владата воведува и дополнителни рестрикции.
Ќе се забрани точење алкохол во барови и ресторани, кое досега беше можно до полноќ.
Како и другите мерки, и оваа забрана стапува во сила ноќта меѓу вторник кон среда и ќе трае четири недели.