Странските студенти кои имаат виза „Д“ за долгорочен престој за студиски цели, од денеска ќе можат да влезат на територијата на Бугарија дури и доколку доаѓаат од земјите што спаѓаат во црвената зона, соопшти бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров.
Бугарското Министерство за здравство потсетува дека учениците, студентите и докторантите кои живеат во Грција, Турција, Србија, Македонија и Романија и кои секојдневно или најмалку еднаш неделно патуваат во Бугарија, како и ученици, студенти и докторанти кои живеат во Бугарија и патуваат секојдневно или барем еднаш неделно во Грција, Турција, Србија, Македонија и Романија, се примаат во земјата без потреба да поднесуваат документи за ковид-19.
Инаку, Македонија, Црна Гора, Косово, Казахстан, САД, Света Луција, Федерацијата Свети Кристофер и Невис и Ирска спаѓаат во црвената зона. Ова се прави согласно промена на листата на земји по зони со различни бои, според која се одредуваат правилата за влез во Бугарија.
Од денеска, Италија преминува од црвено во портокалово, а Германија, Естонија, Хрватска, Италија и Сан Марино од зелена во портокалова.