Нова правила во влез во ЕУ
Европската комисија соопшти дека цената на Европскиот систем за информации и авторизација за патување (ETIAS) ќе изнесува 20 евра, наместо првично планираните 7 евра. Од октомври 2025 повеќето земји-членки на Европската Унија и уште четири европски држави од 12 октомври ќе почнат постепено да го применуваат новиот Систем за влез/излез (Entry/Exit System – EES) за патници од земји надвор од ЕУ, соопшти Европската комисија.
Новиот систем ќе започне да се применува во последниот квартал на 2026 година.Тој ќе биде задолжителен за државјани од земји кои моментно патуваат во ЕУ без виза. Ова ги опфаќа и Македонците.
Причини за зголемувањето на таксата
Зголемувањето на цената, како што појаснува Европската комисија е резултат на инфлацијата од 2018 година. Тогаш беше утврдена првичната такса и поради дополнителните оперативни трошоци за новите технички функционалности на системот. Дозволата ќе важи три години од денот на издавање.
Подготовка со воведување на EES
Пред ETIAS, од октомври 2025 година ќе започне имплементацијата на системот за влез/излез (EES), кој нема да се наплаќа. EES ќе се воведува постепено на надворешните граници на 29 европски земји и ќе вклучува прибирање биометриски податоци. Одбивањето да се дадат овие податоци ќе значи одбивање на влез во земјите што го користат системот.
Извор: СкопјеИнфо