Мерките предвидуваат и затворање на угостителските објекти на полноќ, и ограничување на бројот на посетители на фудбалските мечеви на 10 отсто од стадионот.
Работата од дома ќе биде задолжителна во приватниот сектор во ситуации кога тоа е можно, а посетите во домовите за стари лица ќе бидат дозволени само на лицата кои ќе покажат негативен ПЦР тест.