Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати кои ќе важат од втори декември 2025 година. Според најновата одлука, дел од горивата поевтинуваат од полноќ, додека бензините остануваат со иста цена.

Дел од горивата поевтинуваат од полноќ

-Еуросупер БС-95 останува 75 ден/лит

-Еуросупер БС-98 останува 77 ден/лит

-Еуродизел БС (Д–E V) се намалува од 70,50 на 69,50 ден/лит

-Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) поевтинува од 67,50 на 66,50 ден/лит

-Биодизел Б6 БС се намалува од 71,50 на 70,50 ден/лит

Промени има кај гасовите и мазутот:

-Метанот поевтинува од 57,00 на 56,00 ден/кг

-Автоплинот останува 44,50 ден/кг

-Мазутот се намалува од 34,865 на 33,963 ден/кг

Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на цените кај повеќето горива, во согласност со движењата на светските берзи и курсните разлики. Новите цени важат од 2 декември 2025 година до следната редовна корекција.

Меѓудругото, РКЕ претходната недела одлучи и за цената на парното.

РКЕ ОДЛУЧИ: Парното со минимално поскапување од понеделник