“Го видовте ли Мицкоски кај Рајна и Стојна на Алфа? Какви токмаци!”, напишал Арсовски откако го изгледал интервјуто на двајцата новинари со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Откако Момироски го поканил Арсовски да биде гостин на емисијата и таму пред јавноста да ги решат сите прашања актерот дозволува на неговиот ѕид на Фејсбук двајцата новинари да бидат навредувани и шиканирани без да ги избрише коментари.

Меѓу навредите и закана за сексуално насилство врз мајката на Момироски која е во осмата деценија од животот.

По првата тура наведи кон новинарите кои ги инспирира и дозволува Арсовски тој повторно меѓу другото и со навреди на сексуална основа објавува дека е поканет во емисијата Заспиј ако можеш на што следуваат нови напади.

 

 

 

 

 

Во вториот напад од Арсовски кон новинарите тој користи двосмислен термин кој може да биде разбран на два начини но во секој случај е закана за безбедноста на новинарите. Пораката од Арсовски може да се толкува и како употреба на цевка за водовод од олово но и како цевка од пиштол низ која минува куршум од олово.

“Се јави оној, Рајна од Алфа ТВ, ме кани во емисија. Може ама со “цевка од олово”.

Засега новинарските организации молчат за навредите и заканите врз двајцата новинари кои започнаа интензивно по почетокот на новата сезона на една од најгледаните телевизиски емисии во Македонија

Актерот Арсовски во јавноста е познат и како симпатизер на СДСМ и како човек што 9 години водеше судски процес за да докаже дека во времето на социјализмот не го кодошел легендарниот актер и патриот Ристо Шишков.

Постовите на Арсовски и навредите кои тој лично ги користи или ги дозволува на овие линкови:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2981111045434209&id=100006060287862

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2984758835069430&id=100006060287862

Пред неколку дена Момироски и Милосављевиќ беа предмет на друг случај на говор на омраза од активист на СДСМ.