На 03.09.2022 во 07.30 часот во Полициска станица Гази Баба М.Б.(26) од с.Лопате, кумановско пријавил дека околу 07.05 часот на ул. 881 на подрачје на Гази Баба, Скопје додека управувал патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, настанал пожар во возилото.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.