На денешното рочиште предвидено е да сведочат двајца претставници на „Дрим билдинг”, а не некои од следните проодлженија и битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски.

Судењето за овој предмет е во фаза на изведување вербални докази.

Покрај Бојан Јовановски, обвинети се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“, Ременски за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.