Трговската претставничка на САД, Кетрин Таи, која е во Токио на средба со новите министри на јапонската влада, изјави дека првичните состаноци на американско-јапонското трговско партнерство ќе се одржат на почетокот на 2022 година.
-Ова партнерство ќе ја продлабочи соработката меѓу САД и Јапонија дефинирана со нашите силни билатерални трговски односи, нагласува Таи во изјавата објавена од нејзината канцеларија во Вашингтон.
Нашата тесна соработка ќе ја поддржи економската рамка на администрацијата на Бајден-Харис за индо-пацифичкиот регион и ќе помогне да се создадат одржливи, еластични, инклузивни и конкурентни трговски политики кои ги зајакнуваат нашите луѓе и економии.