Нови 72 случаи на КОВИД-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 772 тестови. Од вкупниот број позитивни, осум се реинфекции.

Оздравени се 35 пациенти, нема починати во изминатотото деноноќие, а од Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје на 75-годишна возраст, кои починале во периодот од 5 до 9 јуни во болнички услови.

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новозаразените 72, во Скопје се 40, седум во Охрид, шест во Тетово, четири во Куманово, три нови случаи имаат Кавадарци, Струмица и Кичево, два во Битола и по еден новозаразен во Прилеп, Велес, Гостивар и Кочани.Кичево, Битола, Крива Паланка и Виница.

Од почетокот на епидемијата, бројот на КОВИД-дијагностицирани во земјава изнесува 312 879 од направени 2 070 199 тестирања. Оздравеле 303 163, починале 9322, а активни случаи има 394.
Дистрибуција на вкупен број заболени и на активни случаи по градови:
Скопје 147 580, Активни 284
Куманово 16 689, Активни 7
Битола 15 734, Активни 24
Прилеп 14 226, Активни 6
Тетово 13 496, Активни 11
Кавадарци 10 704, Активни 8
Велес 9802, Активни 2
Гостивар 9615, Активни 4
Охрид 8952, Активни 15
Штип 8086, Активни 5
Струмица 8083, Активни 6
Кичево 5657, Активни 4
Кочани 5103, Активни 4
Струга 4730, Активни 2
Гевгелија 4426, Активни 2
Неготино 3700, Активни 2
Ресен 2753, Активни 1
Свети Николе 2637, Активни 1
Радовиш 2531, Активни 0
Крива Паланка 2419, Активни 0
Делчево 1986, Активни 0
Берово 1693, Активни 1
Дебар 1681, Активни 2
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1395, Активни 0
Пробиштип 1268, Активни 1
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 930, Активни 0
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 741, Активни 2
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0