Од НУК за МИА информираат дека регистарот е формиран со цел да излезат во пресрет на сите телефонски повици и дописи за потреба на угостителите да ги регистрираат и пријават прославите кои ги организираат во своите угостителски објекти и да им овозможиме институционално да можат да ги исполнат сите точки од протоколите за организација на сите прослави.

– За секоја пријава во рок од 24 часа угостителите добиваат уредна електронска потврда дека согласно точка 7 извршиле пријава и регистрација во “угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби, соопштија од НУК.

Со пријава во регистарот опфтени се сите видови прослави во сите угостителски објекти и евиденција и контакти на сите учесници и чинители на овие прослави со исклучок на листата на гости. Евиденцијата на листа на гости и распоред на маси за седење и понатаму е обврска на организаторот да ја достави исклучиво до одговорниот менаџер на угостителскиот објект кој од друга страна има за обврска да го евидентира секое лице – гостин на прославата.

Само за овој викенд од донесувањето на првите протоколи за организирање на веселби, од НУК за МИА информираат дека и покрај многуте нелогичности и пропусти во новите протоколи низ државава се организираа или е во тек организација на повеќе од 100 свадби, веселби, родендени и останати прослави.

– НУК како најголема угостителска и општествено одговорна комора изработи образец – пријава за регистрација на прослави со која пријава угостителите може да ги пријават своите угостителски објекти во регистарот за организација на прослави што го води за своите членки и сите останати угостители и угостителски објекти. Регистарот го ставаме на располагање на сите угостители, комори и државни институции без надомест на трошоци. Воедно им овозможуваме на сите угостители подеднакво да ги испочитуваат во целост протоколите односно точка 7 и притоа да не бидат прекршени истите, појаснуваат од НУК и додаваат дека на овој начин овозможуваат до донесување на соодветно законско решение или укинување на оваа точка од протоколите да се избегнат недоразбирања кои би можеле да настанат со инспекторите во случај на контрола за време на организација на прослава или свадба во угостителски објект.