Притоа, Нуредини ја истакна потребата за поддршка од страна на развиените земји за постигнување на одржлив развој на помалите економии и ранливите држави како нашата, особено од аспект на постигнување на праведна енергетска транзиција, јакнење на човековите капацитети и градењето на инфраструктура.
На денешната сесија на ЕУ министрите за животна средина, на која беа поканети и земјите кандидати за членство, се разговараше за одржувањето на лидерската позиција на ЕУ во климатската акција и се преговараше за преземање на соодветните чекори за овозможување на успешна конференција на земјите членки на Рамковната Конвенција за климатски промени во Глазгов, како и конечна операционализација на Договорот од Париз.