Во Дневникот на ТВ Сител тој рече дека по една и пол година од посетата на експертите од УНЕСКО кои направија извештај, има придвижување напред и соработка со локалните власти.
– Она што го работиме заедно со министетствата за култура, транспорт и локална, и со општините Охрид, Струга и Дебрца е со цел да не се најдеме на таа листа на загрозено богатство. Не треба да го дозволиме тоа. Како поединци, но и заедно треба да направиме се што е можно да го спречиме тоа, истакна Нуредини.
Посочи дека МЖСПП има листа на дивоградби, но не е надлежно за нив. Дел од објектите се урнати, рече, но многу повеќе треба да биде завршено.
– Многу е јасно дека она што било изградено нелегално е илегално и не треба да биде таму. Многу е направено на хартија, работи кои чинат пари, но правиме се што можеме и тоа не смее да остане на хартија. Сите кои се вклучени мора да си ја завршат работата за да се реши ова, рече Нуредини, според кого надлежните институции мора да бидат присутни на терен и заедно со локалните власти да ги решат тие проблеми зашто, како што рече, дивоградби имало, има и ќе има.
За негирањето на струшкиот градоначакник Рамиз Мерко дека има такви градби во неговата општина, министерот одговори дека треба да се оди на терен за да се види дека крајбрежјето нема дивоградби.
– Јас разговарав со него и тој ми рече дека нема дивоградби покрај езерото. Мислам дека има и други власти, инспектори кои треба да одат и да разговараат за да видат дали е навистина така. Ако е така, мора да се расчисти, ако не е така, тогаш заедно со него и општините треба да го решиме. Не треба да ги двоиме општините, сите се заедно во ова. УНЕСКО не вели дека е проблем на општините, туку вели дека има дивоградби во зоната на езерото. УНЕСКО не кажува каде точно се тие. Тоа е наша работа како држава, ние мора да го утврдиме, рече Нуредини, додавајќи дека и од неговата партија ДУИ и од Владата има разбирање дека се треба да биде направено за да се спречи загрозување на статусот на Охрид.
Министетството со кое раководи е надлежно за аспектот животна средина и до денеска успеало да го стави Студенчишко Блато под привремена заштита.
– Охридското Езеро и Студенчишко Блато ги ставивме на листата на заштитено богатство на РАМСА. Дополнително работевме со локалните институции за тие да одговорат на нашиот план пред една и пол година. Неспорно е дека има уште многу работа, треба да сработиме повеќе, додаде Нуредини.