– Би било важно да имаме докази за тоа каде се наоѓа и дали се чувствува добро. Бараме да се спроведе транспарентна истрага за нејзините наводи за сексуално злоставување, изјави портпаролката на Канцелријата за човекови права на ОН, Лиз Тросел.
Тенисерката Шуаи на 2 ноември преку социјалните мрежи објави дека поранешниот кинески премиер Жанг Гаоли сексуално ја злоупотребувал по еден тениски натпревар пред три години.
Нејзините пораки половина час по објавувањето без избришани, а сите објави и коментари, како и клучни зборови за пребарување, како на пример „тенис“ се блокирани од кинескиот интернет. Оттогаш и се губи секаква трага на Пенг Шуаи.