По убиството на полицаец во Северно Косово јавноста дава свои причини зошто се случило ова. „Нападот и убиството на косовскиот полицаец е обид да се поттикне криза и конфликт со последици врз мирот“, оценува македонскиот вицепремиер Артан Груби.

Неговиот статус може да го погледнете во продолжение:

„Неприфатливи се однапред смислените дестабилизирачки случувања на северот на Косово кон полицијата и државата, но и кон регионот. Нападот и убиството на косовскиот полицаец е обид да се поттикне криза и конфликт со последици врз мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот регион.

Силно го осудувам нападот врз полициските сили на Косово во кој загина офицерот Африм Буњаку и повредени други на северот на Косово. Апелирам на внимателност и разумност, итно апсење на убијците, стабилизирање на ситуацијата, решителност за воспоставување ред и мир и тесна координација со меѓународната заедница.
Изразувам искрено сочувство до семејството Буњаку и на повредените им посакувам брзо закрепнување“, пишува Груби.