СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.И. (34) и А.А. (38), двајцата од Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Според пријавата, на 5 ноември 2024 година, осомничените со употреба на сила се обиделе да влезат во канцеларијата на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, при што упатиле закани кон двајца вработени.

Полицијата веднаш презела мерки за расчистување на случајот, а обвинителството ќе одлучува за натамошните чекори.