Снег го прекри Токио денеска по што беа откажани над 100 авионски летови, а метеоролошката агенција го издаде првото предупредување за обилен снег во градот во изминатите четири години.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека до 10 сантиметри снег може да паднат во период од 12 часа. JMA издаде предупредување за обилен снег за областа Токио за првпат од 2018 година, предупредувајќи на потенцијално нарушување на сообраќајот.

Снегот предизвика откажување летови од Ханеда, главниот аеродром во јапонската престолнина, изјави претставник на аеродромот.

Некои приградски возови во Токио доцнеа поради обилниот снег, објави железничкиот оператор ЈР Ист на својата веб-страница.

На Твитер, метеоролошката агенција ги предупреди жителите дека „потребна е внимателчност поради обилен снег“ во центарот на Токио.

-Предупредување за обилен снег… Погодените области може да се прошират. Ве молиме проверете ги најновите информации за времето и сообраќајот!, се наведува во предупредувањерто.

Во Токио снег паѓа еднаш или двапати во текот на зимата, но задржувањето на снежната покривка е ретко. Во градот се регистрирани ниски температури повеќе од една недела, кои во комбинација со слабиот притисок доведоа до врнежи од снег.