До 12 јануари е отворен Конкурсот за избор на идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на Младинскиот културен центар (МКЦ) во 2022 година со цел создавање на визуелен идентитет и препознавање на јубилејот „50 години МКЦ“.

Право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено. Апликацијата и повеќе информации за конкурсот се достапни на: mkc.mk/vesti/mkc-povik-50-godini

Избраното решение ќе биде наградено со паричен износ од 50.000 денари.