Најмногу места во стручното образование
Министерството за образование и наука го објави конкурсот за запишување ученици во прва година во државните средни училишта за учебната 2026-2027 година. На располагање се повеќе од 25.000 слободни места во вкупно 109 јавни средни училишта низ државата.
Од нив, над 17.000 места се наменети за стручно образование, речиси 6.000 за гимназиско образование, додека 570 слободни места се предвидени во уметничките училишта.
Електронско пријавување и рокови
Пријавувањето ќе се врши електронски преку порталот Uslugi.gov.mk, со најава преку корисничките сметки на schools.mk. По електронската апликација, учениците ќе треба да ја достават потребната документација во училиштата каде што конкурираат.
Во јуни се предвидени два уписни термини – од 12 до 15 јуни и на 23 јуни. Во август ќе има уште еден рок за пријавување, закажан за 20 август.
