На листата на презентери се наоѓаат големи актерски имиња како Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд, Рис Витерспун, Анџела Басет, Бонг Џун-хо, Дон Чидл, Брајан Кранстон, Реџина Кинг, Марли Матлин, Рита Морено и Зендеја.
Домаќин на Оскаровската вечер ќе биде Глен Вајс, познат експерт за ваков тип настани, а шоуто ќе биде изведено со помош на режисерот Стивен Содерберг, кој е одговорен за продукцијата.
Академијата објави дека 93. церемонија традиционално ќе се одржи во салата Долби во Лос Анџелес, но ќе има вклучувања и од други места.
Испратено е писмо до сите номинирани барајќи нивно физичко присуство на церемонијата.
Ќе се обидеме да обезбедиме пријатна и безбедна вечер за сите што ќе бидат физички присутни, како и за милиони љубители на филмот ширум светот – соопштија организаторите, додавајќи дека на самото место ќе има тестови за корона вирус.
Оваа година, филмот „Менк“ на Дејвид Финчер, во кој глуми Гери Олдман, е фаворит за Оскар затоа што освои најмногу, односно 10 номинации за престижната филмска награда.