Максималните температури ќе бидат во интервал од 5 до 11 степени.
Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Од утре ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура и за време на викендот ќе биде облачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди.