Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер и температурата значително ќе опадне.
Утринските температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а дневните од 18 до 24 степени.
Во Скопје и околината, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 19 степени.