Муслиманските верници го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам.

По молитвата, верниците го почнуваат тридневното славење, во кое почитта кон Алах се одбележува со жртвување или симболичното колење на Курбанот. Курбан Бајрам е и празник на славење на извршувањето на петтиот исламски столб Хаџот.