Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе достигнат над 15 литри на квадратен метар. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 6 до 11 степени, додека максималната дневна ќе достигне меѓу 12 и 17 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе се задржи претежно облачно со појава на повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец, при што минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Според официјалните најави на Управата за хидрометеоролошки работи, претежно облачното и постудено време со повремени врнежи од дожд ќе се задржи сѐ до утре. Локалните врнежи особено во текот на утрешниот ден ќе бидат пообилни со наврнат воден талог над 20 литри на квадратен метар. Од среда па сѐ до почетокот на претстојниот викенд ќе преовладува стабилно и суво време, со умерена дневна облачност што кон сабота постепено ќе се намалува, а долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер.