Бизнисменот Штерјо Наков доцна вечерва бил пронајден од полицијата во селото Орешани, откако неколку часа се водеше за исчезнат. – ексклузивно Радио Лидер дознава од извори во МВР.
Како што дознаваме, во нарушена здравствена состојба Наков бил пронајден во Орешани, но сепак бизнисменот е надвор од животна опасност.
-Сепак семејството не сакаше да споделува детали за неговата здравствена состојба, односно здравствената причина поради која тој исчезнал. – вели нашиот извор.
Радио Лидер, претходно објави дека неговото семејство вечерва го пријавило Наков за исчезнат.