Во текот на минатата седмица, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје оствари работни средби со претставници на 102 стопански субјекти – маркети, ресторани, бурекџилници, слаткарници, кафетерии и бутици. Целта на овие средби беше нивно запознавање и едукација за правилно одлагање на отпадот.

Претставниците на Еко-патролата презентираа како и каде треба да се одложуваат комуналниот отпад и отпадот од пакувања што се создаваат при работењето на овие објекти. Акцентот беше ставен на заштита на животната средина и јавното здравје, како и на превенција од оштетување или опожарување на садовите за отпад.

Активностите на Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се постигне поголема свест и правилна пракса кај стопанските субјекти.