Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против две лица од селото Калиште, кои се товарат за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што информираат од ОЈО, обвинетите соизвршители, на 12 април во селото Зубовце, купиле и неовластено за продажба држеле наркотична дрога кокаин. Кај едниот обвинет биле пронајдени 12 пакувања со вкупна нето маса од 4,83 грама, додека кај другиот – 2 пакувања со вкупна маса од 0,77 грама.

Оценувајќи дека се уште постои можност обвинетите да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.​​