На 08.05.2022 во 09:29 часот во СВР Куманово С.М.(21) од Р.Сирија кој е илегален мигрант пријавил дека во атар на с.Ваксинце, кумановско, при обид да ја преминат државната граница кон Република Србија, тој и неколку членови од групата со која бил, физички биле нападнати од четири лица кои им одзеле пари и мобилни телефони.

Увид на местото извршиле полициски службеници од СВР Куманово, а по насока на Јавен обвинител С.М. е пренесен во транзитен центар во с.Сопот, кумановско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.