Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, најави дека ќе отвори истрага за можни злосторства против човештвото во Венецуела.

Венецуеслата Влада, од друга страна, соопшти дека ја почитува ваквата одлука, но додаде дека не го дели неговото мислење.

Кан „одлучи да продолжи со отворањето истрага за да се утврди вистината за настаните во Венецуела“, се наведува во копија од меморандумот за разбирање потпишан од обвинителот Кан и претседателот Николас Мадуро, што го лиферуваше владата, пренесуваат британските медиуми.

Власта не смета дека состојбата во земјава „го оправдува преминот од фаза на прелиминарно испитување во фаза на истрага“, се додава во меморандумот.

-Прелиминарното испитување, што беше отворено во 2018 година, не е ништо друго освен фаза на филтрирање додека преминуваме во оваа нова фаза, рече Кан.

И венецуелската опозиција и владата во Каракас побараа од МКС да ги истражи наводните злосторства извршени од нивните противници.

Лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, на Твитер ја поздрави одлуката за отворање на истрагата.

МКС од 2018 година спроведува прелиминарно испитување во земјата и соопшти дека можеби има причина да се верува дека службениците во владата на Мадуро извршиле злосторства против човештвото.

Кан нагласи дека судот е независен и додаде дека неговите истраги не треба да се политизираат.

-Ние како држава ја почитуваме неговата одлука, иако јасно ставивме до знаење дека не ја споделуваме, рече претседателот Мадуро.

-Оваа одлука им дава надеж за правда на стотиците жртви на бруталната репресија на режимот на Мадуро“, изјави Хозе Мигел Виванко, директор на американскиот оддел на Хјуман рајтс воч, во порака на Твитер.