По неколку месеци активно судење денеска за првпат се огласија од Обвинителството. Оттаму обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска беа децидни дека има материјални докази кои директно го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо со двете убиства на тинејџерката Вања Ѓорчевска и велешкиот пензионер Панче Жежовски.
Со ваквиот исказ паѓа во вода тврдењето на Влатко Кешишев кој ја смени својата изјава.
Кешишев го смени исказот: Продолжува обвинението за двојното убиство
Изјавата на Кешишев го амнестира Палевски од пукањето за двојните убиства и како што вели тој, Палевски спиел во партијата и не бил на местото на убиствата.
Обвинителките за првпат дадоа изјава за јавноста од почетокот на судењето каде наведуваат дека промената на исказот на Кешишев нема доказна вредност.
„Оваа изјава нема доказна вредност, а обвинетите ќе имаат можност да дадат своја одбрана во текот на судењето“ изјави обвинителката Стојковиќ Димитровска.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за убиството на 14-годишата Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.