Јавното обвинителство не ги соопштува имињата, туку бројот и возраста на жртвите во пожарот.
Според Јавното обвинителство, од нивна страна издадени биле 59 наредби за обдукција.
Од Обвинителството до медиумите испратија табела со следните информации за загинатите:
Три починати лица за кои била издадена наредба за обдукција се на возраст од 16 години, три лица се на возраст од 17 години, загинале 4 лица на возраст од 18 години, 1 лице на 19 годишна возраст, две лица на возраст од 20 години, 6 лица на возраст од 21 година, две лица на возраст од 23 години, седум на возраст од 24 години, три лица на возраст од 25 години, 7 лица на возраст од 26 години, две лица на возраст од 27 години, едно лице на возраст од 29 години, три лица на возраст од 30 години, две лица на возраст од 31 година, едно лице на возраст од 32 години, едно лице на возраст од 33 години, четири лица на возраст од 36 години, две лица на возраст од 38 години, едно лице на 43-годишна возраст, две на возраст од 44 години, едно лице на возраст од 47 години и едно лице на возраст од 48 години.