Јавното обвинителство веќе отвори предмет и започна интензивна координација со српските власти по заплената на неверојатни пет тони марихуана, која поминала низ македонска територија пред да биде сопрена во соседна Србија. Од Обвинителството потврдуваат дека се во континуирана комуникација со Белград за да се разоткријат сите инволвирани лица.

„Веднаш е воспоставена интензивна размена на информации и координација на дејствијата. Нашата цел е сеопфатно откривање на сите организирани структури поврзани со овој случај“, велат од ЈО.

Истрагата е насочена кон утврдување на сите факти за тоа како овој огромен товар успеал да ја помине македонската граница и кој бил логистичка поддршка на територијата на Република Северна Македонија.

ПЕТ ТОНИ МАРИХУАНА ОД МАКЕДОНИЈА ВО СРБИЈА: Уапсен и сопственик на фирма од Скопје за медицински канабис

Од ЈО се децидни дека ќе се инсистира на целосна кривично-правна одговорност за сите вклучени.