Секторот за компјутерски криминал од МВР доставил известување до Скопското обвинителство по интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас емитувано на 15 февруари, во кое Павловиќ-Латас раскажува дека како 15-годишник тој и неколку другари злоставувале девојка која претходно била била претепана. Притоа, обајцата со Лазаров се смеат за насилството.

-Има известување од МВР. Предметот е распореден кај обвинител, ќе видиме како натаму ќе се одвива случајот, одговори Јавниот обвинител Гаврил Бубевски на прашање од САКАМДАКАЖАМ.МК.

Јавноста остро го осуди интервјуто како поттикнување кривично дело родово базирано насилство и го повика Обвинителството да постапи. Исто така, ги повикаа и видните компании кои се рекламираат во подкастот на Стефанов да ги повлечат рекламите поради содржините во кои се одобрува и се повикува на насилство.

Со одговор на обвинувањата реагираа и двајцата учесници во интервјуто кои рекоа дека не се зборувало за никакво силување.