Јавен обвинител од Одделението за малолетни сторители на кривични дела при Основното јавно обвинителство Скопје бил известен за настанот во кој две малолетнички брутално претепуваат 15 годишно девојче во центарот на Скопје. За време на вербалната расправија меѓу децата, а потоа и физичката пресметка се слуша скандирање од толпа ученици снимаат со мобилни телефони.

Според извештајот на МВР, во петокот, на февруари во 18.20 часот во СВР Скопје В.И.(45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.