Резултатите за водата во Гостивар направени од Институтот за јавно здравје во текот на денот ќе бидат испратени до Јавното обвинителство – соопшти директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, на прес-конференцијата во Владата.
Не е важно само да се одреди причината, туку она што е најважно – да се утврди одговорноста. Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме епидемиолошката ситуација – рече Андоновска.
На барање на новинарите да се каже која е причината за ситуацијата во Гостивар, министерот Клековски рече дека кога Јавното обвинителство ќе даде согласност да се објават резултатите, тие ќе бидат објавени.
Испитувањата се направени на барање на Обвинителството и кога тоа ќе даде согласност јавно да се каже, ќе ги соопштиме резултатите. Не сакаме да се мешаме во истрагата – рече Клековски додавајќи дека храната како причина отпаѓа.
