Од вкупно 3 108 тестирања во последното деноноќие регистрирани се нови 198 позитивни лица на ковид-19. Во истиот период починаа 12 лица, а како оздравени се забележани 333 пациенти.

Според податоците на Министерството за здравство, меѓу починатите лица има и 37 годишно лице од Крушево, шестмина се од Скопје (48г,62г,69г,75г,78г, 84г,), двајца од Гостивар (58г и 70г), и по едно починато лице од Куманово (68г), Кавадарци (74г), Виница (66г). Сите 12 лица се починати во болнички услови.

ОД новите 198 заразени со ковид најмногу се во Скопје вкупно 76, потоа во Куманово (25), Битола (11), Прилеп (10), Тетово (9), Кичево (7), во Струга и Радовиш по шест, по пет во Велес, Охрид, Шти, а по еден во Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово.

Од вкупно 333 пациенти кои се забележани како оздравени, најмногу се во Скопје (139), Охрид (43), Куманово (24), Струмица (20), Струга (14), Прилеп (13), Битола (12), Велес (10), по седум во Тетово, Кочани и Кичево, по пет во Кавадарци и Штип, по четири во Гевгелија и Неготино, а по три во Гостивар, Виница, Богданци и Македонски Брод . По двајца поздравени има во Свети Николе и Делчево и по еден од Пробиштип, Валандово и Пехчево.

Досега во земјава се направени вкупно 738 012 тестирања на ковид. Вкупната бројка на дијагностицирани лица со коронавирусот во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 153 891, бројката на оздравени пациенти е 137 664, на починати е 5 079, а бројот на активни случаи изнесува 11 148.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 67881, активни 5099
Куманово 8703, активни 900
Прилеп 8237, активни 444
Тетово 7172, активни 447
Битола 6222, активни 725
Велес 5444, активни 382
Гостивар 5146, активни 286
Кавадарци 5135, активни 221
Охрид 4959, активни 406
Штип 4935, активни 251
Струмица 4073, активни 226
Струга 2962, активни 140
Кочани 2755, активни 155
Кичево 2511, активни 239
Гевгелија 2185, активни 164
Неготино 2173, активни 133
Свети Николе 1511, активни 102
Ресен 1222, активни 178
Крива Паланка 1215, активни 47
Радовиш 1112, активни 90
Берово 1024, активни 26
Делчево 959, активни 68
Дебар 935, активни 25
Виница 851, активни 116
Пробиштип 779, активни 21
Валандово 664, активни 19
Богданци 494, активни 42
Крушево 489, активни 72
Демир Капија 396, активни 15
Демир Хисар 394, активни 60
Кратово 361, активни 10
Македонски Брод 356, активни 4
Пехчево 265, активни 14
Македонска Каменица 239, активни 17
Дојран 132, активни 4