На Инфективната клиника почина 66-годишна пациентка од Росоман, кај која лабораториски беше потврден тежок облик на западно-нилска треска со засегање на централниот нервен систем. Ова го изјави директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, кој рече дека пациентката имала многу придружни хронични заболувања и клиничкиот тек бил многу тежок и настапил смртен исход.
Тој посочи дека вкупно има 11 починати од западно-нилска треска.
– На Клиниката е хоспитализирана уште една пациентка со тешка форма на западно-нилска треска, која подолго време е на одделот за интензивно лекување и е на механичка вентилација. Таа е на Клиниката речиси еден месец. Нѐ радува тоа што од 25 септември нема нов хоспитализиран случај – додаде д-р Цана.
